Тетовецот Ј.Ц.(38) е осомничен дека извршил 18 тешки и 8 кражби во Тетово, информираше МВР.
Против него се поднесени кривични пријави. Тој е осомничен дека во јуни, јули и август годинава провалувал во возила, продавници, деловни и други објекти, од кои најчесто одземал пари, музичка опрема, компјутери и други предмети.
На тој начин се стекнал со вкупна имотна корист која се проценува на околу 525 илјади денари. Најголемиот број од одземеното е пронајдено и веќе им е вратено на нивните сопственици, односно на оштетените.