Убиецот од Добрејци ги убивал жртвите во својата работилница, Илјашев за пари, Мицев за имот

М.В. од Добрејци, кој е во затвор под сомнение за убиството на Ристо Илјашев, дилерот на девизи од Струмица, го убил и струмичанецот Александар Мицев (62) , чие тело беше пронајдено во резевоар за гориво на 5 август во водите на акумулацијата Турија кај Струмица.

Секторот за внатрешни работи Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против М.В (54) од с.Добрејци, поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело   “Убиство “,  по  член 123 ст.2т.1 од  КЗ   на   РСМ извршено од користољубие на подмолен начин врз Мицев(62) од Струмица.

-На 13.10.2018 во СВР Струмица,  од страна на роднина убиениот пријавено е дека на лицето му се губи  трага. Од страна на СВР-Струмица во координација со јавен обвинител преземени се низа оперативно-тактички мерки и активности.Утврдено е дека на 09.10.2018, покојниот АМ. остварил телефонски контакт со пријавениот, по што се сретнале  и заедно отишле во адвокатска канцеларија  во Струмица, каде бил изготвен писмен меѓусебен договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу А.М. како продавач и пријавениот како купувач,  за цена од 18.200 евра. Договорената сума на пари за купопродажба на имотот не била исплатена во адвокатската канцеларија, а  од страна на адвокатот пријавениот бил предупреден дека треба парите да ги исплати на трансакциска сметка.На 09.10.2018, пријавениот го извршил убиството врз А.М. во неговиот деловен објект во с.Добрејци, каде го има повикано со изговор да му ги исплати парите за купената деловна просторија, така што го застрелал со огнено оружје со калибар 5,6 мм, а потоа го ставил телото во метален камионски резервоар за гориво, и го потопил во водите на брана Турија на место викано “Рајанци“, велат од МВР.

Според полицијата, на 05.08.2019 околу 15.00 часот, на брана „Турија“ кај место викано “Рајанци“ пронајден е метален камионски резервоар за гориво  со машки труп во него. Од извршената обдукција во Судска медицина Скопје утврдено е дека пронајдениот машки труп е А. М.. При обдукцијата бил изваден проектилот со кој бил застрелан  при што е  утврдено дека се работи за проектил со калибар 5,6 мм, исто како во случајот со претходно убиство на Р.И. од Струмица, чие тело беше пронајдено исто така во водите на брана Турија во непосредна близина на местото каде е пронајден А.М., за што СВР Струмица веќе поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица поради основано соменавање дека пријавениот сторил кривично дело „убиство“.

По наредба на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица пријавениот се наоѓа во притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело “Убиство“ по чл.123 од КЗ.

Осомничениот, според Обвинителството, убиството на Илјашев го извршил на 7.05 кога се понудил да го превезе со својот автомобил „фиат пунто“. Од тој момент на Илјашев му се губи секаква трага и тој повеќе од еден месец се водеше како исчезнато лице.

-По наредба на јавен обвинител, беа преземени повеќе дејствија, беа извршени претреси на повеќе локации и беше организирана опсежна потрага по исчезнатото лице, особено во реонот на браната Турија, каде што било забележано возилото на осомничениот. Притоа, со обезбедените снимки од видео надзорот на околни објекти е утврдено дека Илјашев на критичниот ден се качил во автомобилот на осомничениот во Струмица, иако осомниченото лице во своите искази дава контрадикторни информации за тоа дали го превезувал оштетениот. Дополнително, во работилница во сопственост на осомничениот во село Добрејци беа пронајдени биолошки траги кои потекнуваат од жртвата. На 20 јуни во водите во близина на браната беше пронајдено буре во кое се наоѓало тело на починато лице. Со цел да се задржи под водата, бурето било оштетено и во него биле поставени тегови. Илјашев бил уличен препродавач на девизи, а кај него не биле пронајдени околу 26.000 евра кои, според неговите блиски, ги носел со себе на денот кога исчезнал.

 

Треба да знаете
Последни објави