Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до четвртфиналето на турнирот во Синсинати, САД. Србинот ноќеска го совлада Шпанецот Пабло Карено-Буста со 2-0, по сетови 6:3 и 6:4.
Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Лукас Пуј од Франција.
Наградниот фонд на престижниот турнир во Синсинати изнесува шест милиони долари.