Македонскиот, регионалниот и европскиот ракометен првак Вардар неочекувано на стартот од сезоната остана без едно од своите засилувања, Хозе Гиљермо Де Толедо, кој мораше да направи хирушка интервенција на коленото од десната нога. Поради овој зафат Толедо нема да биде на располагање кај „црвено-црните“ во наредните три месеци.
Повреда на коленото на почетокот не изгледала за сериозен проблем, но по детланите прегледи и анализи лекарскиот тим решил дека мора да се изврши оперативен зафат.
-Не очекував вака да ја почнам сезоната, но ќе се вратам уште посилен, порача Толедо.