Пожарот кој околу 10 часот избил во фабриката за бои и лакови „БИС” во близина на Ужице е локализиран, а повредено е едно лице.
Повредениот, кој се здобил со изгореници по телото, веднаш бил пренесен в болница во Белград и не се наоѓа во животна опасност.
На местото на инцидентот интервенирале 16 пожарникари со шест возила.
Медиумите пренесуваат дека на пожарот му претходеле две силни експлозии.