Металург ќе ја бруси формата на турнир во Русија

Македонскиот ракометен суперлигаш Металург по враќањето од висинските подготовки на Копаоник, тргна да ја бруси формата на турнир во Русија. Денеска на турнирот „Куп на Гувернерот“ во Чехов, македонскиот тим ќе настапи против домаќинот Чеховски Медведи. Покрај овие две екипи ќе учествуваат и романскиот состав на Стеауа и белорускиот  Брест Мешков.

Натпреварите ќе се играат во салата „Олимпијскиј дворец спорта“ во градот Чехов во близина на Москва.

Распоред:

16 август (петок)

16.30: Мешков – Стеауа
19.00: Чеховски Медведи – Металург

17 август (сабота)
14.00: Металург – Мешков
16.00: Стеауа – Чеховски Медведи

18 август (недела)
14.00: Стеауа – Металург
16.00: Чеховски Медведи – Мешков

 

Треба да знаете
Последни објави