Полска смета дека евентуалното создавање поморска мисија предводена од САД во Персискиот Залив е оправдано, но сè уште не изразила подготвеност да се приклучи бидејќи чека конечна одлука за ова прашање, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ева Сувара, за „Спутник“.
„Од наша перспектива, овие активности се оправдани. Ние сме за зацврстување на евроатлантските односи“, рече Сувара, додавајќи дека Полска сè уште не изразила желба да ги поддржи овие можни активности.
Таа истакна дека има потреба да се почека конечна одлука за ова прашање, додавајќи дека во тек се консултации со САД и со европските сојузници.
САД се обидуваат да изградат коалиција за да обезбедат поморска безбедност во стратешкиот теснец Ормуз, низ кој поминува една третина од нафтата што се пренесува по морски пат, по неколку напади врз танкери со нафта и заробување трговски брод на Велика Британија од страна на Иран.