Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели оваа сезона ќе игра за повратникот во Серија „А” – Бреша. Повратник во „Серија А“ е и Балотели, кој беше без клуб, откако минатата сезона ја заврши во француски Марсеј.
Претседателот на клубот Масимо Челино и агентот на фудбалерот, Мино Рајола се договорија за едногодишен договор вреден едвај 1,5 милиони евра, три милиони помалку од сегашната плата на Балотели.
Сепак, „Супермарио” има амбиција да се врати во репрезентацијата на Италија, за да биде дел од „азурите” на ЕП 2020.
Во случај тимот да опстане во Калчото, Балотели има клаузула да го продолжи договорот со клубот.
Сопственикот на „сините” му гарантира разни бонуси на напаѓачот доколку се врати во репрезентацијата на Италија, како и во случај на одреден број на голови во текот на сезоната.