ВМРО-ДПМНЕ: Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледна

„Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Системот во Република Македонија е нападнат од силна криминална ерозија до тој степен што не функционира. Во државата имаме згазени закони, згазено обвинителство кое што наместо да гони, го штити и прикрива криминалот. Имаме безброј конкретни примери каде владата и премиерот се ставени во функција да заштитуваат криминал.

Сомнежите дека Заев го штити овој криминал, се:

  1. Катица Јанева не е во притвор, а истата може да избега, може да влијае на сведоците и може како прв човек на СЈО да го повтори делото. Сведоци сме дека истото ова обвинителство барало притвор и за несразмерно помали случаи кои ги воделе. Се разбира Катица Јанева е само продолжена рака на главниот во овој октопод.
  2. Зоран Заев е свесен дека „Меѓународниот сојуз“ на еден од обвинетите важи на извесен начин за чедо на СДСМ. Во тие структури се луѓе од оваа партија, а сомневањата се дека тоа е параванот и за многу други случаи на криминал, уцени, изнуда и рекет.
  3. Заев во моментите кога ќе го притисне оваа афера со евидентни докази, е во состојба да се откаже од сите, само да се спаси себе си.
  4. Сега е јасно зошто Заев инсистира на катастрофалниот предлог за реформите за обвинителство. Тој сака ова компромитирано СЈО да го преслика во новиот обвинителен сектор. Да добиеме ново СЈО но со зголемени овластувања за зголемени злоупотреби.

Народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе победат убедливо, зошто таква победа е неопходна, за да Македонија ја обновиме од овој криминален ураган на власта. Одговорност, мора да има.цЗаев е на колена, а оваа влада веќе нема кредибилитет бидејќи тоне во корупција. Неговиот пад и заминувањето на оваа влада не е избор на Заев, туку одлука на народот.

Октоподот е во слободен пад, доаѓа обнова на Македонија.“

 

 

Треба да знаете
Последни објави