Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал околу 10 часот изутринава.
Од Противпожожарната единица се испратени екипи на теренот, кои имаат проблем да стигнат до жариштето. Огнот избувнал високо во планината и до него засега е тешко да се пристапи.
Пожарот не е во близина на населените места.Буковиќ се наоѓа во западнот дел на Скопската Kотлина, во близина на автопатот Скопје – Тетово. Селото се наоѓа на десниот брег на реката Суводолица.