Охриѓанец бил прегазен од сопствениот автомобил, вчера во Охрид, информираше МВР.
Според полицијата, необичната несреќа се случила околу 14.15 часот на локалниот пат кон место викано Чекоштина, кај крстосницата која води кон „Сончева порта“ и локален неасфалтиран пат за село Орман.
Тогаш Л.В.(59) од Охрид го паркирал автомобилот ,,Хјундаи Аксент“ и излегол од него. Бидејќи возилото не било обезбедено, почнало да се придвижува наназад, по што Л.В. се обидел да влезе во него, но не успеал, а возилото продолжило да се движи прегазувајќи го.
Возачот добил тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.