Вработен во маркет во Кисела Вода гаснел пожар па завршил во болница

На 16.08.2019 година во 14,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Борис Трајковски во магацински простор во маркет се запалил кабел од комора за фрижидер.

Пожарот со противпожарен апарат бил изгаснат од вработениот Г.Ј.(38) од Скопје, кој додека интервенирал вдишал од чадот, по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

 

Треба да знаете
Последни објави