Ливерпул оствари тешка победа од 2:1 на гостувањето кај Саутемптон на „Сент Мери” и екипата по првите две кола има целосна предност од шест бода.
Садио Мане му донесе предност на тимот од „Мерсисајд” со феноменален гол во самиот финиш на првото полувреме, а Фирмино го удвои резултатот во 71. минута.
Почесниот гол за домаќините го постигна Ингс во 83. минута по грешка на Адријан. „Светците” можеа дури и да се изедначат, но Ингс промаши веднаш по неговиот погодок.
Така, екипата на Јирген Клоп продолжи со добрте игри во последно време, бидејќи тимот играше одлично за „Комјунити Шилд”, иако загуби на пенали, а исто така играше силно и против Челзи за Европскиот Суперкуп и на стартот од Премиер лигата против Норвич .
Ова е 11-та последователна победа за Ливерпул во Премиер лигата и тимот го израмни рекордот за најголем број успеси по ред во елитата на Англија.
Резултати од Премиер лигата:
Арсенал – Барнли 2:1
Астон Вила – Борнемут 1:2
Брајтон – Вест хем 1:1
Евертон – Ватфорд 1:0
Норвич – Њукасл 3:1
Саутемптон – Ливерпул 1:2.