Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и најдобриот фудбалер на „граѓаните“ Сергио Агуеро влегоа во кавга за време на натпреварот против Тотенхем кој заврши без победник (2-2).
Шпанскиот стратег во 66. минута го повлече Агуеро од игра, а на негово место го внесе Габриел Хесус, кој постигна гол во судското продолжение, но ВАР му го поништи.
Аргентинецот беше премногу лут, а додека го напушташе теренот, имаше и што да му каже на Пеп Гвардиола. Двајцата имаа жестока расправија крај аут-линијата.
https://twitter.com/SnFoot_/status/1162785706575618049