Вложувањето во развојот на децата во предучилишна возраст е вложување во нашата иднина.
Затоа, СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерките кои обезбедуваат поквалитетно предучилишно образование.
Се потпишаа првите четири договори за општините Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци кои добија грант за изградба на нови градинки во кои ќе се згрижуваат вкупно 552 деца.
Вкупниот износ е над 3,5 милиони евра и обезбеден од Светска банка.
Покрај овие 4 договори, во периодот кој следува, договори за грантови за нови градинки ќе потпишат уште 13 општини.
Со тоа се исполнува зацртаната цел, опфатот на деца во градинките за четири години да се зголеми за 50%.
Во периодот од мај 2017 до мај годинава Владата предводена од СДСМ преку Министерството за труд и социјална политика изгради и опреми вкупно 31 објект од кои 24 се градинки, а 7 Центри за ран детски развој.
Дополнително во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти од кои 8 се градинки и четири центри за ран детски развој.
Тоа се вкупно 43 градинки низ целата територијата на државата.
Освен во изградба на нови објекти, се зајакнува кадарот во градинките, им се враќа достоинството на воспитувачите, се зголемуваат платите и се подобруваат условите за работа.
Денес, стручниот кадар или над 3.100 вработени имаат повисока плата за 16 % што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен.
Развојот и унапредување на системот на детска заштита за СДСМ останува врвен приоритет.
Се грижиме!