Димитров не се сликал со Боки 13: Можеби дојде време да се преброиме

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, преку социјалната мрежа Фејсбук го коментира случајот “Рекет”.

-Но, тоа што криминалот сака да го дискредитира својот гонител не треба да не’ чуди. Зачудува до бес што некој изгледа дозволил жедта за правда да биде искористена за да се згасне жедта за пари. Можното соучесништво на обвинител од оваа институција во трговијата со одговорноста, максимално ја зголемува потребата од целосно и одлучно расчистување со сите валканици што излегоа на виделина, кон кого и да водат. Иако целата приказна згрозува до апатија, ако тој кој требало да го гони криминалот, се ставил на страната на криминалците, тоа мора да биде само дополнителен мотив во борбата за правда, а не дигање раце. Расчистување и правда и за “рекет”, но и за сите криминали во снимките и вон снимките. “Рекет” всушност е раскрсница. Едниот пат води кон иднина, другиот пат кон бездна. Можеби дојде време да се преброиме, напиша Димитров.

Тој на крајот пишува дека немал слика со Боки 13 ниту средба, ниту пак потпишан меморандум.

ПС. Да бидеме начисто, бидејќи има премногу “сите”: јас ниту сум имал средба, ниту фотографија, а уште помалку меморандум со Боки 13. Ова се разбира само по себе не е ни за фалење де, освен што изгледа сум имал правилно претчувство што пропуштам, завршува министерот.

https://www.facebook.com/NDimitrovMK/posts/2466504306896307?__xts__%5B0%5D=68.ARDInIG076-O0iQxoehOJE5Io1MfdZ1ZPdlevoCIyWIvQvLkuIM62I38enoNCWlDdxmDInlcyKkCLVL2G-slJgi_0EcETT3b5xGnwEMPEfDDhb6C_l6Z96r6zO9mkDdrb62zPdm2KgO0ExJRZWNXJhQjQtE0_Lu7Jw3aMsWps4ZFDhKe0xNyvb07ou1njtaDSuCje-gqUtdmOzXrajNmEM5k9Te4zkx7q1FCRWBDV5xmmu08aYrmHbtdBkSucp_nK9OkVPWOSXUX-TfcNk1Gk9s6RFCUDyOu97L14j16KUyz_tIqZ3LvXyB2NiAkjBUCdah5Z8eNUrsIDV0d&__tn__=H-R

Треба да знаете
Последни објави