Масакр во Романија: Пациент во психијатриска болница убил четворица и повредил девет пациенти

Пациент во психијатриска болница во Романија утрово убил четири лица со сталак за инфузија. Нападот се случил во романската општина Сапока, околу три часот во два различни одделенија во болницата.

Според медиумите, убиецот (38) доброволно се пријавил во оваа психијатриска установа пред три дена. Во крвавиот поход, тој прво го нападнал цимерот со сталакот за инфузија, а Потоа влегол во женскиот оддел, каде почнал со сталакот да ги прободува пациентките.

Во нападот се убиени четири лица, а девет се повредени, од кои двајца паднале во кома.

Сите жртви имаат повеќе од 60 години и страдаат од разни психолошки проблеми, јавуваат медиумите.

Полицијата го приведе пациентот, а во моментот на неговото апсење, тој сè уште во рацете имал дел од сталакот.

https://youtu.be/NIEogZ3PbSw?t=14

Треба да знаете
Последни објави