Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, продолжува со реконструкција на најзначајните сообраќајници во градот. Во општина Ѓорче Петров во моментов се реконструираат две клучни улици, соопшти Никола Гичевски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров.
„Започна реконтрукцијата на улицата „Борис Сарафов“, на потегот од крстосницата со улицата „Македонска Војска„ до крстосницата со улицата „Кузман Шапкарев“, со вкупна должина од околу 1.700 метри.
Исотвремено, забрзано се работи на финиширање на улицата „Ѓорче Петров“ на потегот од општинската зграда до бензинска пумпа на „Макпетрол“, во должина од околу 1.500 метри. Со реконструкцијата, целосно ќе биде реновиран западниот влез во главниот град“ порача Гичевски.