Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе известување против четири малолетнички, на возраст од десет до четиринаесет години, сите од Охрид.
Тие, во текот на јули оваа година, од социјалната мрежа „Инстаграм“, неовластено презеле фотографии од три малолетнички од Охрид, ги обработиле и со недолични содржини ги објавиле на „Инстаграм“.