Неработењето и негрижата се основна карактеристика на владеењето на СДСМ, како на локално така и на централно ниво.
Родителите мака мачат да си ги запишат во градинка своите деца, а градоначалникот на општина Ѓорче Петров и ресорната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска ич не им е гајле, обвини Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пред неполни две години сегашниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски во својата предизборна програма ветуваше изградба на нова детска градинка во Волково, токму тука на ова место, проширување на капацитетите на постојната градинка во Димитар Поп Георгиев- Беровски и реконструкција на детската градинка во Дексион.
Но и по две години од преземање на неговата функција граѓаните од ова населено место не добија ништо од ветеното.
Единствено нешто што направи оваа ненародна власт e што при ребаланс на буџетот континуирано ги крати средствата за изградба на градинки.
Наумоски ја задолжи општината за 14.5 милиони денари, а нема во план да ја изгради градинката во Волково која им ја вети на граѓаните.
СДСМ и Наумоски не само што не прават ништо на планот згрижување на деца во градинка, туку се неспособни и проектите кои ги остави ВМРО-ДПМНЕ со обезбедени финансии како завршување на фекалната канализација и асфалтирање на над 35 улици да ги завршат.
На Република Македонија и се потребни промени. Промени кои ќе придонесат за доброто на граѓаните. Затоа за сите овие ненародни политики кои граѓаните ги чувствуваат, Наумоски и Царовска треба да си поднесат одговорност, нагласи Стојаноски.