Арсенал не сака да игра со Ливерпул

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери се пошегува дека воопшто не сака неговиот тим да игра со Ливерпул. Во саботата, тимот од Мерсисајд ги ​​пречекува „топџиите” во клучен натпревар од третото коло во Премиер лигата.

Досега, Ливерпул и Арсенал се единствените две екипи кои имаат 6 бода по првите две кола.

– Ако зависи од нас, ние никогаш не би сакале да играме против Ливерпул. Ние би сакале да не излегуваме против нив. Ова е вистински предизвик и многу добар тест за нас. Многу е добро што одиме таму со шест бода. Нашата цел е да го скратиме растојанието од Ливерпул и Манчестер Сити. Ова е шанса да покажеме колку сме силни, рече Емери, кој навести дека може да се обложи на своето ново напаѓачко трио Александар Лаказет – Пјер-Емерик Обамејанг – Никола Пепе.

Тројцата ќе се обидат да ја измерат силата со екстремниот напад на Ливерпул, изграден од Мохамед Салах, Роберто Фирмино и Садио Мане.

Треба да знаете
Последни објави