Манифестацијата DragWorld London 2019 ја увеличаа драг квинсерките, изведувачи од кои некои се трансродови жени. Повеќето од нив учествуваат во уметничка форма затоа што тоа им овозможува да се претстават покреативно.
Така, на манифестацијата DragWorld London тие носеа фустани и комбинезони во разни бои, како и шарени перики и шминка.
Драг е вид уметност каде што мажите се преобразуваат во жени, но тие не живеат на тој начин секој ден, туку така настапуваат во ноќни клубови, а нивната цел е што подобар сценски настап.
Во последно време како драг квинсерки настапуваат и жени.
Некои членови на ЛГБТ-заедницата ги критикуваат драг квинсерките и нивното присуство на парадите затоа што веруваат дека шират лоши предрасуди за ЛГБТ-луѓето.