На 18.08.2019 околу 22:20 часот, лишени од слобода и во Полициската станица Гостивар задржани се А.А.(21) од гостиварско Чајле, како и Ф.А.( 20 ) и А.В.(28) од Скопје.
При нивен преглед, пронајдени и одземени се екстази. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Од МВР информираат и дека полициски службеници на СВР Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, на 18.08.2019 околу 20 часот, извршиле претрес во куќата на Ш.А.Г.(46) во гостиварска Долна Бањица.
При претресот, реализиран со судска наредба, пронајден е кокаин, марихуана и дробилка. Ш.А.Г. лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува соодветен поднесок.