Поранешниот претседател на Судан, Омар Хасан ал-Башир призна дека добил милиони долар иод Саудиска Арабија.
Ал-Башир е обвинет за корупција и за нелегално поседување на странски валути, на што неговите адвокати велат дека нема основа да биде осуден.
Властите велат дека воените лица кои го собориле во неговиот дом пронашле голема сума на пари во вреќи.
„Обвинетиот изјави дека парите се само дел од сумата во висина од 25 милиони долари кои биле испратени од страна на принцот Мохамед бин Салман, а кои биле наменети за користење надвор од државниот буџет,“ изјавил лидерот на оваа истрага, Ахмед Али за новинарската агенција АФП.
Али вели дека според ал-Башир, претходните суми кои пристигнале од Саудиска Арабија изнесувале 35 милиони долари и 30 милиони долари.