Пoтрага по исчезнатите спелеолози во Полска

По неколкучасовна потрага по двајца спелеолози кои поради пораст на вода беа заробени во најголемата пештера во Полска, спасувачите велат дека стравуваат за нивните животи.

Десетици спасувачи во текот на ноќта трагаа по исчезнатите истражувачи, пренесува АП.

Тие биле заробени додека истражувале непознати делови на Големата снежна пештера на Татрите, најдолгата и најголемата пештера во Полска.

Шефот на тимот за спасување, Јан Кристоф изјави дека неговиот тим немал контакт со исчезнатите спелеолози и може само да претпоставува каде би можеле да бидат.

Спасувачите напредуваат бавно, користејќи мала количина експлозив за да ги разбијат карпите и да ги прошират премините во пештерата. Исто така потребно е да поминат три часа помеѓу експлозиите за да се расчисти воздухот во пештерата.

Треба да знаете
Последни објави