Една студија на универзитетот Вестминистер тврдеше дека гледањето хорор-филмови помага да се намали телесната тежина, бидејќи го забрзува отчукувањата на срцето. Но, студија на либанско-американскиот универзитет во Њујорк тврди дека гледањето застрашувачки филмови ги тера луѓето да побараат утеха во масна храна и да се здебелат.
Кога гледаат напнати или насилни филмови, луѓето се чувствуваат нервозни, исцрпени и спод трес, па затоа се обидуваат да најдат утеха во грицките. Спротивно на тоа, романтичните комедии и наративните филмови не предизвикуваат такви емоции и додека ги гледале, учесниците во истражувањето не јаделе толку чипс и чоколадо, велат научниците.
Ова е прва студија што го испитува влијанието на филмовите врз апетитот и изборот на храна. Претходните истражувања ги поврзуваа насилните видеоигри со зголемен апетит.
Резултатите укажуваат дека не само што седењето е фактор што доведува до зголемување на телесната тежина, туку и она што се гледа на екраните. Во студијата учествувале 84 учесници на возраст меѓу 20 и 30 години, кои биле по случаен пат избрани да гледаат насилен филм или романтична комедија. Пред студијата, биле извршени различни мерења, вклучувајќи ритам на срцето, крвен притисок, а биле проценети и нивоата на стрес и апетит.
На гледачите им бил даден подавалник со низа закуски како пуканки, чипс, бисквити, чоколадо, јаболка, сок од портокал и кока-кола. На учесниците им било дозволено да јадат се што сакаат и биле оставени сами за време на филмот за да можат да се опуштат.
Луѓето кои го гледале насилниот филм биле повеќе нервозни, тажни и исцрпени, а оние коишто ја гледале романтичната комедија не покажале никакви промени.