На 19.08.2019 околу 02,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, на крстосницата од населбите Ајдучка чешма и Перо Чичо, Т.Т.(45) од Куманово, управувајќи автомобил „ Голф“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола и излетал од патот.
Во незгодата возачот починал на местото на настанот.
Увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово.