Реформите што владата планира да ги спроведе со очекува да бидат на агендата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговите средби во Париз и Берлин, jави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис, според грчката новинска агенција АНА-МПА, во четврток ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, додека пак за 10 дена, на 29 август, како што е веќе и официјално најавено ќе има средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.
На последниот редовен брифинг со новинарите пред две седмици, портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас, во одговор на прашањето на МИА, рече дека Мицотакис со Меркел ќе разговара за сите билатерални и европски теми, како и за рефроматорскиот план на Грција.
Според грчкиот весник „Катимерини”, на средбите во Берлин и Париз, Мицотакис ќе го претстави пакетот реформи на владата за да се постигне централната политичка цел – намалување на примарниот суфицит од 2021.
По Франција и Германија, грчкиот премиер ќе ја посети Холандија на 2 и 3 септември, а кон крајот на следниот месец ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.