Нов пожар избувна попладнево во околината на Скопје. Овојпат пламените јазици се појавија во атарот на селото Љубин, општина Сарај. Од скопската противпожарна служба информираат дека гори сува трева и борова шума.
Три екипи за гаснење на огнот веќе се излезени на терен и работат на локализирање на пожарот за да не се прошири кон населбата и куќите во реонот.
Од противпожарната единица го повторуваат апелот до граѓаните да бидат внимателни на отворен простор.