Судењето за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година, каде обвинети се тогашните членови на општинската изборна комисија во Чаир Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, „Титаник 3″ продолжува на 26 август.
По паузата за одлучување во однос на барањето на одбраната за изземање на обвинителите од случајот, денешното рочиште продолжи со читање на нов доказ предложен од одбраната на обвинетите.
По изведување на доказот, Судот го одби барањето за графолошкото вештачење на гласовите од гласањето на изборите во 2013 година од страна на одбраната, а одбраната побара распит на двајцата осомничени.
Претходно, адвокатот Миланов, поднесе барање за изземање на обвинителите во предметот Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, кое го образложи со ставот дека тоа е поради последните случувања во СЈО.
Претседателката на судечкиот совет Марија Клетничка информира дека снимката со барањето ќе биде доставена до надлежните, согласно законот за иземање на обвинителите. по што Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со решение го одби барањето за изземање на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, од предметот „Титаник 3″.
Судечкиот совет за барањето за иземање на Јанева цени дека не може да претставува пречка за процесот, поради самостојноста на СЈО утврдено со посебен закон, како и одредбата од ЗКП за изземање на јавни обвинители.