Првата секретарка на хрватската Амбасада во Берлин, Елизабета Маѓаревиќ, која беше обвинета поради нејзините расистички и ксенофобични објавувања на „Фејсбук”, е суспендирана и повлечена од Берлин, објави „Јутарњи лист”.
По инспекција на хрватското Министерство за надворешни и европски прашања, предложено е да се изрече најстрога дисциплинска мерка – отказ, затоа што на Фејсбук објавила расистичка и ксенофобична содржина и ги коментирала потезите на германската канцеларка Ангела Меркел.
Со тоа таа ги прекршила законите и Етичиот кодекс што ги обврзува дипломатите да го штитат угледот на Хрватска во странство.
Одлуката за санкцијата треба да биде прифатена во постапка од дисциплинскиот суд.
Маѓаревиќ јзаговара „бела Европа” на својот Фејсбук профил, изразувајќи ксенофобични и хомофобични погледи, а своевремено ја обвини германската канцеларка Ангела Меркел за „недостаток на сопствена култура”.