Ѕвездата од „Беверли Хилс”, Брајан Остин Грин (Дејвид) во последното интервју откри дека бил интимен со две колешки од серијата.
Во емисијата на Енди Коен, една гледачка од публиката го праша дали тој и Тори Спелинг (Дона во серијата), биле во врска? Глумецот прво малку се збуни, но потоа му кажаа дека Тори веќе го признала тоа во едно претходно интервју.
– Чекај, таа го рече тоа? Тори рекла дека сме биле во врска? Се дружевме. Да. Бевме млади, а тоа младите го прават, призна и Грин.
Натаму, тој додаде дека бил со уште една главна глумица – Тифани Амбер Тисен (Валери Малоун) која среде серијата ја замени Шенен Доерти. Сепак, тој истакна дека нивната романса не настанала на сетот.
– Тифани и јас бевме во врска пред таа да стане дел од серијата, рече тој.