Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го осуди терористичкиот напад извршен во саботата на свадбена веселба во Кабул, при што загинаа 63 лица.
– Генералниот секретар остро го осудува ужасниот терористички напад на свадба во Кабул, во кој се убиени 63 лица, а 180 се повредени, истакна портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик.
Гутереш им изрази сочувство на семејствата на жртвите, владата и народот на Авганистан, а на повредените им посака побрзо оздравување.
Одговорноста за нападот ја презеде огранокот на Исламска држава во Авганистан.