Првиот човек на италјанскиот фудбалски калчолигаш Интер, Џузепе Марота не дозволи Мауро Икарди да ги засиле конкурентите во трката за скудетото. Постигна договор аргентинскиот напаѓач да се пресели во францускиот Монако. Марота договорил трансфер за 63 милиони евра плус пет милиони евентуални бонуси.
Ваква понуда Интер за Икарди доби и од Наполи, но „нероаѕурите“ не сакаа со својот довчерашен капитен да го засилат директниот конкурент во борба за врвот на табелата.
Икарди во Монако ќе заработи 12 милиони евра за една сезона. Догворот ќе му биде на пет години.