Обвинителка Катица Јанева ќе одлучи дали обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски ќе бидат изземени од случајот „Титаник 3“.
Ова го кажа судијката Марија Клетничка, откако адвокатот Еленко Миланов на денешното рочиште побара изземање на двајцата обвинители, но и на Јанева, поради како што рече нивните меѓусебни конфронтаации, за кои била запознаена целата јавност.
Судијката појасни дека за изземање на обвинителите надлежна е Јанева, а за нејзиното барање за изземање констатираше дека нема надлежен орган.
Случајот „Титаник 3″ е пред самиот финиш, а обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.