Вардар го реши АЕК

Ракометарите на Вардар триумфираа и во својот втор контролен натпревар, овјпат против грчкиот АЕК со 31-24 (14-11). Грчкиот тим допатува како победник на турнирот во Струга, по кој имаа продолжен престој во Македонија за да одиграат и неколку контролни средби со македонски тимови.

Дибиров беше најефикасен со 10 постигнати голови, додека Скубе постигна 7.

И на овој натпревар „црвено-црните” играа без Жозе Толедо и Павел Атман поради повреди. Дел од младите ракометари што се во составот добија шанса да се истакнат.

Треба да знаете
Последни објави