Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева по распитот кај обвинителката Катица Рускоска кој траеше повеќе од 4 часа, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет“.
Јанева не сакаше да открие детали околу распитот, нагласувајќи дека станува збор за истрага.
-Ќе има судење, ќе се гледаме на суд каде што ќе се објаснат многу дилем, им рече Јанева на новинарите кои ја бомбардираа со прашања.
Новинарите ја прашуваа зошто нејзиниот телефон бил предаден во ОЈО откако бил форматиран. Јанева демантираше такво нешто.
Јанева не даде одговор ниту на прашањата, каде е Орце Камчев и за што му рекла „Ќе биде се ок“.
Таа не кажа зошто предложила спогодба за предметите „Империја” и за „Поштенска банка” и ослободување на обвинетите.
На крајот, адвокатот ја посоветува дека не е на распит, да не одговара на новинарски прашања, по што ја повлече да си одат.
Павлевски кој денеска ја придружуваше Јанева во обвинителството е адвокат на Цветан Панделевски, еден од обвинетите во предметот „Империја” на СЈО.
Фото: Слободан Ѓурич