Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изјавија дека нема да учествуваат во работата на советот на општина Аеродром сè додека претседателот на општинскиот комитет на опозициската партија, Дејан Митевски, е во притвор во затворот Шутка.
„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушта и следните седници на советот на општина Аеродром сè додека Дејан Митевски е неосновано обвинет и во притвор во Шутка“, изјави денска Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром.
Тој нагласи дека Македонија е единствена држава во демократска Европа која во 21 век во своите затвори има политички затвореници.
„Притворањето на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, Дејан Митевски, е уште една потврда за политичкиот прогон во нашата држава кој го спроведува Зоран Заев“, посочи Антовски.