Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус се вклучи во борбата за ангажирање на Бразилецот Нејмар, по кого досега се „тркаа” шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид. Како што пренесе „АС”, Јувентус е подготвен да му плати на Бразилецот 37 милиони евра, исто колку што добива во францускиот ПСЖ.
Калчолигашот има намера на ПСЖ да му понуди 100 милиони, како и напаѓачот Пауло Дибала, кој се проценува на 80 милиони.
Минатата сезона, 27-годишниот Бразилец настапи на 28 натпревари за ПСЖ и постигна 23 голови.
ПСЖ го купи Нејмар од Барселона во 2017 година за 222 милиони евра.