Авганистанскиот премиер Абдула Абдула побара од Русија да ги поддржи мировниот процес и желбата на авганистанската влада да ја врати стабилноста во земјата, пренесува ТАСС.
„Побарав целосна поддршка од Русија за мирот и за стабилноста во Авганистан и пошироко“, напиша тој на Твитер по средбата со рускиот амбасадор во Авганистан, Александар Мантицки.
Тој, исто така, истакна дека двете страни разговарале за билатералните односи, авганистанскиот мировен процес и за претстојните претседателски избори.
Претседателските избори во Авганистан се предвидени да се одржат на 28 септември 2019 година. Тие неколку пати досега беа одложени. Во претходните извештаи се велеше дека изборите ќе се одржат на 20 јули.
Претседателот на Авганистан се избира врз основа на универзално, тајно и директно гласање за мандат од пет години и може да биде реизбран за втор мандат.