Премиерот на Финска, Анти Рине изјави дека Европска Унија нема повторно да преговара со Велика Британија за договор за Брегзит.
– Премиерот Рине повтори дека договорот за повлекување нема повторно да се отвора, изјави портпаролот на Рине.
Финска во моментот претседава со ЕУ, а британскиот премиер Борис Џонсон врши извесен притисок врз Унијата за повторно преиспитување на договорот за излегување на Велика Британија до ЕУ.