СДСМ единствено што направи е што ги доведе земјоделците до питачки стап. Земјоделците не добија подобри услови, нема откуп, нема повисоки откупни цени за земјоделските производи, има само криминал и обиди за изигрување на постоечките закони од страна на власта во име и само во интерес на луѓето блиски до СДСМ.
Но на сето ова ќе дојде крај, ќе дојде крај и на блескањето на Заев и на СДСМ, со распишување предвремени парламентарни избори.
ВМРО-ДПМНЕ кога ќе победи на предвремените парламентарни избори тогаш ќе започне реалната грижа за земјоделците.