Жена почина денеска, 56 луѓе се хоспитализирани и десетици други се погодени од најголемото досега огниште на листериоза во Шпанија, јави Би-Би-Си.
– Објавена е тревога за целата држава заради листеријата која најверојатно ги инфицирала заболените по консумирање пакувано свинско месо од фирма во Севиља, изјави Марија Луиса Карседо, министерка за здрваство на Шпанија.
– Ја следиме ситуацијата, наредивме целата стока на фирмата произведена од мај досега да биде запрена за продажба, додаде таа. Најголемиот брог од 114 случаи се во Андалиузија, јужна Шпанија, но има случаи и од Мадрид до Тенерифе.