Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин вчера побара предвремени избори во Велика Британија за да се одблокира застојот околу Брегзит, во момент кога премиерот Борис Џонсон притиска за распуштање на парламентот.
Новиот лидер на конзервативците и актуелен премиер, Борис Џонсон, не сака да распише избори, но можно е тој, сепак, да биде присилен на тоа доколку не му се изгласа доверба во парламентот.
-Лабуристите веруваат дека одлуката за решавање на кризата околу Брегзит треба да им се препушти на граѓаните, рече Корбин, пренесен од британскиот „Прес асосиејшн”
„Доколку есенва дојде до предвремени избори лабуристите ќе се одважат и ќе одржат нов референдум, последниот збор да им се даде на граѓаните и да им се понудат веродостојни опции, па и опцијата останување”, рече Корбин.
Џонсон вети дека Велика Британија ќе ја изведе од Европската унија до 31 октомври, со или без договор.
ЕУ нема намера да го разгледа неговото барање за повторување на преговорите за договор што веќе беше договорен со неговата претходничка Тереза Меј.