Њујоршкиот полицаец Даниел Панталео е отпуштен од работа, пет години откако го задави невооружениот афроамериканец Ерик Гарнер, што потоа предизвика протести поради полициската бруталност.
Полицискиот комесар Џејмс О’Нил соопшти дека го отпуштил Панталео врз основа на неодамнешната препорака од дисциплински суд.
Панталео беше снимен во јули 2014 година, обидувајќи се да го уапси Гарнер, како го турка на земја и со забранет зафат со раката, цврсто го стега околу вратот. „Не можам да дишам”, биле последните зборови на Гарнер, а по неговото убиство почнаа протести и се отвори јавната дебата за расизмот и полициската бруталност.
Адвокатот на Панталео вели дека полицаецот користел разумна количина сила и не сакал да го повреди Гарнер.
Големата порота на Стетн Ајленд и Министертсвото за правда одбија да го истражат случајот, а полицаецот од 2014 година работеше во канцеларија.