САД не се вратија на преговарачката маса со Северна Кореја со таква брзина на која се надеваа, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Тој во интервју за Си-Би-ЕС истакна дека Вашингтон е загрижен поради најновите тестирања ма ракети со краток дострел.
– Не се вративме на прегопварачка маса со брзина на која се надевавме, но цело време бевме прилично јасни, знаевме дека ќе има препреки на патот, посочи Помпео.
Тој додаде и дека американскиот специјален пратеник за Северна Кореја, Стивен Бигун во моментот се наоѓа во тој регион, но не прецизираше детали за неговиот пат.
Стејт департментот претходно соопшти дека Бигум оваа недела ќе претстојува во Јапонија и во Јужна Кореја.