Хеликоптер, најверојатно приватен, од засега непознати причини, попладнево се урна во близина на грчкиот остров Порос, jави дописничката на МИА од Атина. Се уште не е познато колку лица се превезувале во хеликоптерот, а во тек е акција на крајбрежната служба на Грција.
Според првичните неофицијални информации, хеликоптерот најверојатно удрил во кабли и паднал во морскиот дел на островот Порос што се наоѓа 58 километри јужно од атинското пристаниште Пиреас.