Барса во последната понуда до ПСЖ го бара Нејмар на позајмица

На истекот од последниот ден кој бразилскиот фудбалски интернационалец Нејмар му го постави на својот поранешен клуб  Барселона да расчисти со неговото враќање на „Камп Ноу“, актуелниот шпански првак ја испрати најновата понуда до францускиот ПСЖ. На две неделни пред крајот на преодниот рок, раководстовото на Барса предводено од претседателот Жозеп Марија Бартомеу донело одлука да направи завршната офанзива за да го добие  Нејмар како позајмен играч.

Тоа е последната понуда испратена до ПСЖ. Барселона на францускиот првак му нуди да го добие Нејмар на едногодишна позајмица со тоа што Каталонците би му ја исплаќале само платата, која ја добива во ПСЖ според договорот. По истекот на овој рок, Барселона се нафаќа да го откупи договорот на Бразилецот. Причина што Барселона го бара Нејмар на позајмица е тоа што премногу пари потрошиле во овој преоден рок. Барселона не открива која сума е подготвена на крајот од сезоната да ја плати за да го откупи Нејмар.

Треба да знаете
Последни објави