Денеска (17 ч.) се играат две средби од 16-финалната рунда во фудбалскиот Куп на Македонија во кои Кит Го го пречекува Пелистер во Пехчево, а Љуботен иако официјално домаќин ќе му гостува на Тиквеш во Кавадарци. Воведниот натпревар од шеснаесетфиналето во фудбалскиот Купа на Македонија, одигран вчера во Штип каде Брегалница го пречека нисколигашот Ново Црнилиште, иако беше официјален домаќин, навести „дожд“ од голови во оваа елиминаторна рунда од најмасовното натпреаврување, во кое прволигашите и подброрангираните второлигаши се изразити фаворити. Штипјани дадоа 22 гола против Ново Црнилиште 0:22 (0:6) !
Десте натпревари се на програмата во утрешниот редовен термин: Кожув – Ренова, Локомотива – Струга Трим Лум (се игра во Струга), Гостивар – Шкендија, Фортуна – Силекс, Охрид – Беласица, Влазерими – Работнички, Осогово – Победа, Превалец – Борец, Кравари – Лабуништа и Тетекс – Шкупи (се игра во Чаир без гледачи). Последнит натпревар Саса – Вардар е закажан за 28 август.
Поради недоволен интерес кај нисколигашите, во оваа рунда последните финалисти од Купот на Македонија, победникот Академија Пандев и Македонија ЃП се слободни.