Специјалната обвинителка Катица Јанева, со пет минутно задоцнување, се појави да сведочи во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Јанева во Обвинителството дојде ви во придружба на адвокатот Стеван Павлески.
„Јас сум сѐ уште специјален јавен обвинител. Моите обвинители работат и се надевам дека оваа есен ќе имаме разрешници на случаи. Што се однесува до мојот денешен исказ се надевам дека со моите аргументи ќе ја забрзам истрагата, изјави денеска Катица Јанева пред да даде исказ во Јавното обвинителство за организиран криминал“, рече Јанева.
Јанева додаде дека се надева оти со нејзината изјава ќе помогне на истрагата, споделувајќи ги нејзините аргументи.
Таа не одговори на ниту едно новинарско прашање и покрај инсистирањето на новинарите.
Видео: Макфакс